Коронавирусот од Вухан ширум светот го однесоа спортисти уште во октомври

EPA/YONHAP

Иако Светската здравствена организација (СЗО) на 11. март прогласи пандемија на коронавирусот, сега се појавуваат нови шокантни податоци за ширењето на болеста и како се започна.

Пандемијата на коронавирусот изби во кинескиот Вухан и е окарактеризирана како инфекција на дишните патишта и воспаление на белите дробови.

Преносот на ковид-19 од човек на човек е потврден на 23 јануари годинава и досега се регистрирани случаи на заболени во дури 180 земји ширум светот.

Меѓутоа, италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека се започнало во октомври минатата година, а први преносители на вирусот се спортистите.

EPA/YONHAP

Имено, спортистите кои учествуваа на светските Воени игри токму во Вухан, деновиве почнаа да јавно да сведочат дека многумина од нив се разболеле по доаѓањето во Вухан, сите имале висока температура и проблеми со дишењето.

Светските воени игри кои не привлекуваат големо внимание во јавноста се одржаа од 18 до 27 октомври во Вухан, а на нбив учествуваа околу 10.000 спортисти и војници од 110 земји кои се натпреваруваа во 28 дисциплини.

Според дел од теориите на експертите кои ги контактираше „Кориере дела сера“ се дека спортистите се заразиле со коронавирусот за време на Воените игри.

Според нив, во Вухан имало голем број на спортисти како и останат спортски персонал кој пристигнал заедно со нив, а немало никакви мерки за спречување на заразата, додека по враќањето во своите земји, ниту еден од тие спортисти или војници не бил испратен во карантин или самоизолација.

За ова зборуваат и дел од директните учесници на Воените игри во Вухан. Сите интервјуирани спортисти велат дека имале висока температура и респираторни проблеми.

Проблемот бил што никој од нив тогаш не бил тестиран на коронавирус, а никој од воените власти во голем број од земјите кои учествувале на Игрите не сакаат да коментираат за овој случај, освен Шведска која во четвртокот потврди дека најверојатно имале два случаи на корона меѓу своите спортисти, пишува италијанскиот весник.

Еден од најпознатите случаи од Игрите во Вухан е американскиот воен резервист, Матие Бенаси, 52-годишен спортист кој се натпреварувал во велосипедизам.

Бенаси по враќањето во САД се повлекол во својот дом во Вирџинија бидејќи добил неколку стотици закани од теоретичари на завера кои го окарактеризирале како нултиот пациент во САД и го обвинија дека го донел коронавирусот во нивната земја.

Дури и кинеското министерство за надворешни работи во средата ја повика американската влада да покаже транспарентност и да открие колку нивни спортисти и војници имале симптоми на ковид-19 по враќањето од Игрите, но Пентагон молчи и не одговара на ова барање.

На пишувањата на италијанскиот весник, се надоврза и влијателниот „Лекип“ кој објави дека најмалку двајца француски спортисти кои биле на Игрите во Вухан имале сериозни здравствени проблеми со дишењето.

Тоа се освојувачите на медал, Елоди Клувел и петкратниот светски шампион Валентин Бело кои неколку недели биле „сериозно болни“. Француското министерство за одбрана одбило да даде коментар за овој случај и им забранило на двајцата спортисти-војници јавно да зборуваат.

Според телевизијата БФМТВ тие биле убедени дека станува збор за вироза, но кога во декември минатата година започна рапидно да се зголемува бројот на заболени од ковид-19, кај француските спортисти се појавил сомнеж дека уште во октомври биле заразени со коронавирусот.

Влијателниот „Газета дело спорт“ вчера објави исповед на освојувачот на златниот медал од ОИ во Пекинг 2008 година, Матео Таљариола, кој бил еден од 170 италијански спортисти на Воените игри во Вухан.

– Кога пристигнавме во тој кинески град, речиси сите се разболевме. Но, најлошо беше кога се вративме дома. Една недела по враќањето, добив висока температура и имав чувство дека не можам да дишам. Земав антибиотици, но тоа не ми помогна. Се опоравив дури по три недели и уште долго време потоа чувстував дека немам сила. Потоа се разболеа синот и девојката – зборува Таљариола.

Очекувано, ниту италијанското министерство за одбрана, исто како и Пентагон и француското министерство, одби да коментира за ваквите случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот