Коронавирусот ново оружје на криминалците во борба против полицијата (ФОТО)

За време на епидемијата на коронавирусот криминалците почнале да се користат со различни „тактики и техники“ за да избегнат или побегнат од полицијата, а плукањето им станало оружје кое на чуварите на редот и законот им задава големи проблеми.

Најнеобичен пример за употреба на вирусот Ковид-19 стигнал од Флорида, каде маж за да избега апсење на вратата залепил предупредување „заразен со коронавирус“.

Џошуа Прајс, против кого веќе биле издадени повеќе налози за апсење, за да избега на полицијата, на влезната врата залепил натпис „заразен со коронавирус од 08.04.2020“.

– Поставување на лажни предупредувања на врата нема да не спречи да ве уапсиме, напишале од кабинетот на шерифот во објава на Фејсбук најавувајќи го апсењето на Прајс кој меѓу другото ја прекршил и условната казна.

Полицајците при апсењето користеле заштитна опрема иако им било кажано дека „нема знаци“ дека осомничениот бил изложен на вирусот.

Кашлаат во лице

Криминалците против полицајците користат ново оружје – плукање, кашлање и кивање во лице, што претставува огромен проблем за полицијата. Проблемот е делумно решен така што е нагласено дека користењето на закана со коронавирусот ќе се смета како закана со оружје (биолошко) и нема да се толерира.

Престапниците секогаш, откако ќе им се накашлаат на полицајците во лице или ќе ги плукнат им додавале „се надевам дека сега и ти имаш коронавирус“.

Маж кој плукнал полицаец во лице, наведувајќи дека има Ковид-19 бил обвинет во Мичиген за две кривични дела. Заради употреба на опасни супстанци и лажна закана казна од пет години, а за давање отпор при апсење две години.

Иако обвинетиот наведувал дека сето тоа било шега, судијата рекол дека ситуацијата е тешка, дека луѓето умираат и дека полицајците се доволно изложени на опасности и дека не им е потребен додатен стрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот