Коронавирусот не ја намали омразата кај навивачите: Фан на Лаицо со безбол палка бара соседи кои пуштаат песни на Рома (ВИДЕО)

Италија е најзагрозена европска држава од коронавирусот, според последните информации починати се 1.809 лица, а 1.672 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека повеќе од 25.000 се позитивни на коронавирусот.

Италијанската влада воведе вонредна состојба во државата, го ограничи движењето на своите граѓани на минимум но ниту тоа не ја запира омразата помеѓу навивачите на Рома и Лацио, а доказ за тоа е неверојатна сцена од еден римска населба.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое човек со безбол палка за кој се утврди дека е навивач на Лацио како гневно реагира на соседите. На лутиот навивач му пречеше песната посветена на Рома и се обидуваше да го пронајде балконот од каде се пушташе песната на за него омразениот тим.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот