Коронавирусот мутира побавно од грипот: Ако има вакцина, ќе биде подолготрајна

Најнови вести од фронтот против коронавирусот: експертите кои го следат ширењето на вирусот SARS-CoV-2 (Ковид-19) заклучија дека тој мутира побавно од другите респираторни вируси како оние кои предизвикуваат грип. Тоа значи дека има помалку простор за непријатни изненадувања, но и дека вакцината, кога ќе биде создадена, нема да мора да се прилагодува често како онаа против сезонскиот грип, пренесува „Србија данас“.

Побавната стапка на мутација има две последици – двете позитивни. Тоа значи дека новиот коронвирус е стабилен во сегашната форба и поради тоа не е веројатно дека ќе стане поопасен за време на ширењето во однос на моменталната ситуација.

Исто така, тоа значи дека вакцината, во моментот кога ќе биде развиена, би можела да биде ефикасна подолг период – повеќе биде се „однесувала“ како вакција против сипаници отколку како вакцина против сезонскиот грип.

Питер Тилен, молекуларен генетичар од Универзитетот „Џон Хопкинс“, рече дека анализа на 1.000 различни примероци на новиот коронавирус покажале четири до десет разлики меѓу соевите на вирусите со кои се инфицирани луѓето во САД и оригиналниот вирус кој се ширел во Вухан.

– Во овој момент, стапката на мутација на вирусот укажува на тоа дека вакцината за Ковид-19 би била единствена, а не нова секоја година како што е случај со вакцината против сезонскиот грип – објаснува Тилен.

Сите вируси мутираат со текот на времето, а како што се размножуваат така се појавуваат и грешки во нивниот генетски код. Тие мутации со време предизвикуваат појавување на разични соеви на вирусот, но главно не влијаат на тоа колку тој е заразен, ниту пак како се пренесува.

Грешките во кодот на вирусот, меѓутоа, им овозможуваат на научниците да го утврдат патувањето низ жителите, т.е. како да следат генетски трагови од трошки леб.

Изгледа дека Ковид-19 не мутира многу. Постојат ситни промени на геномот, но вирусот како да останува ист каде и да се појави. Секој сој е речиси идентичен.

Ендрју Рамбот, експерт за еволуциона молекуларна биологија од Универзитетот во Единбург, во изјава за магазинот „Сајенс“, истакна дека новиот коронавирус акумулира во просек меѓу милион и два милиони мутации месечно: – Тоа е два до четири пати побавно од вирусот на грипот.

Тревор Бедфод, научник до Истражувачкиот центар за рак „Фред Хачинсон“ објави на Твитер дека вирусот на грип мутира еднаш на секои 10 дена.

– Поголемиот дел од тие мутации се без последици, но од време на време, се појавува една која ја загрозува имнунизацијата на човекот на грипот. Поради тоа секоја година мораме да имаме нова вакцина, а тоа е причина што вакцините не се секогаш 100 отсто успешни – објаснува Бедфорд.

Бедфорд, кој го изучува коронавирусот во Сител, се предвидува дека би биле потребни неколку години коронавирусот толку многу да се измени за да мора да се прилагодува вакцината.

Во тек е развој на повеќе од 40 потенцијални вакцини против новиот коронавирус. Биотехнолошката компанија „Модерна“ започна тестирање на луѓе, но тешко е да се верува дека вакцината која ја развиваат ќе биде во масовна употреба пред март 2021 година.

– Кога вакцината ќе биде направена, нејзиното дејство во телото на човекот ќе биде повеќегодишно – оценува Бедфорд и нагласува дека сигурно ќе се забележи како коронавирусот „ќе ѝ се извлекува“ на вакцината или масовната имунизација на населението, но дека за тоа ќе бидат потребни години.

Дел од мислењата се дека вакцината против новиот коронавирус би била слична на оваа која не штити од сипаници во текот на целиот наш живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот