Коронавирусот може да живее на хируршките маски многу подолго од што мислеа научниците

Скоро сите луѓе ширум светот денес носат маски за да се заштитат од корнавирусот, но најновата студија покажа дека тие можат да бидат погодно тло за преживување на вирусот дури една недела, пренесува Дејли стар.

Вирологот Малик Пирис, кој го спроведе истражувањето на Универзитетот во Хонг Конг, со овие резултати сака да истакне колку е важно да не го допираме надворешниот дел на маската додека ја носиме на лицето.

Со допирањето на контаминираната маска патогените можат да поминат на нашите раце, а потоа и на очите ако несвесно ги допреме.

Вирусот успеал да преживее на пластика и на нерѓосувачки челик меѓу 4 и 7 дена, додека од банкнотите и од стаклото исчезнал после 4 дена. Од ткаенината вирусот исчезнал за два дена, а на хартија не преживеал повеќе од три часа.

Сепак, студијата објавена во медицинското списание The Lancet востановила дека вирусот бил присутен на надворешниот дел на хируршката маска дури седум дена откако првпат бил забележан на тоа место.

Исто така од резултатите се дошло до заклуок дека концентрацијата на вирусот брзо се смалувала на секоја површина, како што поминувало времето, а вирусот бил чувствителен на стандардните методи за дезинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот