Коронавирусот ќе ја „укине“ и ВАР технологијата!?

фото: твитер

Италијанските медиуми пишуваат дека Серија А воедно размислува да го продолжи натпреварувањето без присуство на навивачи на трибините.

Серија А размислува да го откаже „ВАР“ до крајот на тековната сезона, со цел да заштити поголем број на присутни на стадионите.

Поточно, примената на технологијата бара многу повеќе луѓе на теренот, околу неа, во посебна просторија за анализа на спорните моменти на натпреварите, а сите тие луѓе честопати воедно треба да патуваат ширум Италија.

Италијанските медиуми пишуваат дека Серија А размислува да го продолжи натпреварувањето без присуство на навивачи на трибините.

А со самото тоа логично е да се намали и бројот на вработени кои неизбежно мора да бидат близу едни до други.

Покрај тоа што не може да се прецизира и со официјални датуми кога би можела да биде продолжена сезоната, моментно други решенија нема.

ВАР собите воглавно собираат околу пет-шест луѓе, седнати еден покрај друг, па така можно е примената на оваа технологија биде привремено прекината во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот