Коронавирусот ќе го уништи фудбалот, екипите во минус од дури 14 милијарди долари

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави неверојанти резултати од спроведеното истражување.

Пандемијата на коронавирусот која го запре фудбалот на три месеци, и ги истера навивачите од трибините, ги чинеше фудбалсите екипи околу 14 милијарди долари, што е речиси една третина од вкупната вредност на екипите, објави ФИФА.

Посебно тело на ФИФА во изминатите неколку месеци спроведе истражување со соработка со економски експерти кои вредноста на екипите ширум светот ја проценија помеѓу 40 и и 45 милијарди долари.

ФИФА предупредува дека загубите од 14 милијарди долари се однесуваат на моменталната состојба, а тие би се згоелмиле доколку пандемијата продолжи да сее страв низ целиот свет.

Најпогодена од коронавирусот е Јужна Америка каде во некои земји воопшто не се игра фудбал, а во тешка финансиска состојба се и екипите од Азија и Африка.

ФИФА веќе додели помош од 1.5 милијарди долари, а неа ја искористиле 150 од 211 земји членки на Светската фудбалска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот