Коронавирусот ја олесни светската економија за најмалку 126 милијарди долари

Во извештајот на ИТЦ се наведува и дека пандемијата сериозно погодила над 55 отсто од сите мали и средни претпријатија.

Најновото истражување на Меѓународниот трговски центар (ИТЦ) покажува дека светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари поради коронавирусот.

Кинескиот извоз според извештајот во февруари годинава забележал пад од 21 отсто во споредба со истиот период претходната година.

– Целосните ефекти од кризата сè уште не се видливи, бидејќи повеќето земји започнаа со затворање на границите кон крајот на март и април, наведува ИТЦ во извештајот.

Блокадите во Кина, Европската унија и САД имаат најголемо влијание врз меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што се наведува во истражувањето, се главни играчи во глобалните синџири за снабдување и затоа се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Според податоците на ИТЦ, трите главни трговски центри – Кина, САД и ЕУ, учествуваат со 63 отсто од увозот на светски снабдувачки синџири и 64 отсто од извозот. Затоа ИТЦ наведува дека глобалната економија изгубила најмалку 126 милијарди долари поради пандемијата.

Во извештајот се наведува и дека пандемијата сериозно погодила над 55 отсто од сите мали и средни претпријатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот