Коронавирусот ја „нападна“ и полицијата

Полицајци патролираат низ Скопје / Фото: СП. архива

Засега се знае дека неколкумина припадници на МВР се заразени од Ковид-19. Несомнено е дека оваа бројка драстично ќе се зголемува.

Девет дена не поминаа од апелот на Македонскиот полициски синдикат дека за припадниците на МВР нема соодветна заштита од коронавирусот, се случи најмалку очекуваното. Засега се знае дека најмалку петмина припадници на МВР, вработени во полициската станиа „Петровец“ се заболени од коронавирус, а несомнено е дека оваа бројка драстично ќе се зголемува, со оглед дека до откривањето на овие случаеви, тие биле во контакт како со своите најблиски, така и со нивните колеги и пријатели.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу денеска објави дека неколкумина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека постои и ризик за Полициската станица Петровец.

– Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено е дека имаме позитивни пет вработени во полицијата, а во полициската станица Петровец постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба – објави Нухиу на „Фејсбук“.

Марјан Кицев, претседател на Македонскиот полициски синдикат неодамна изјави дека на терен состојбата со заштитната опрема против Ковид-19 за припадниците на МВР е очајна.

– На терен ситуацијата е алармантна, колегите немаат ниту миинимум средства за заштита, поради тоа ние се вклучивме како Синдикат во рамките на нашите можности да им помогнеме на колегите на терен. Некаде досега МВР има поделено само околу 4 до 5.000 маски. Останатите кој како ќе се снајде, нешто ние како Синдикат дониравме пред неколку дена, дел од колегите сами си купуваат. На една полициска станица се доделува по едно литро алкохол, што е ништо, а во некои полициски станици воопшто нема ниту однесено – изјави Кицев.

Од МВР за „Слободен печат“ велат дека правеле се за да се обезбеди целосна заштита опрема за сите припадници на полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот