Коронавирусот ја „коси“ американската војска: Пентагон објави поразителни информации

Американска војска Ирак/ Фото: Профимедиа/Илустрација

САД имаат повеќе од 967.000 потврдени случаи на ковид-19 и околу 55.000 смртни случаи.

Министерството за одбрана на САД денеска објави дека бројот на потврдени нови случаи со коронавирусот меѓу припадниците на војската се зголемил на 6.568, а бројот на починати изнесува 27 од почетокот на пандемијата.

Вкупно 4.213 припадници на американската војска се заразени со коронавирусот, а 91 во моментот се хоспитализирани, излекувани се 1.258, информира Министерството за одбрана во соопштението.

Министерството за одбрана извести за 2.044 закрепнати од ковид-19, а од петокот 355 припадници на армијата закрепнале, а исто така е потврден и еден смртен случај.

Соединетите американски држави имаат повеќе од 967.000 потврдени случаи на ковид-19 и околу 55.000 смртни случаи предизвикани од оваа болест до утрово, соопшти центарот за коронавирусот на Универзитетот Џон Хопкинс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот