Коронавирусот ја испразни Венеција (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Traverse Log

Венеција, познатата туристичка дестинација во Италија, сега е потполно празна поради стравувањата на луѓето од коронавирусот.

На улиците, плоштадите, но и во рестораните кои вообичаено се преполни, сега може да се забележи само по некој турист, а поголемиот дел од нив носат заштитни маски.

И каналите кои традиционално се полни со гондоли, сега се пусти и возењата повеќе не се толку чести.

Намален е и бројот на летови кон овој град, кој обично годишно го посетуваат околу 30 милиони луѓе. Откажан е и познатиот карневал.

Здравствените работници ги дезинфицираат јавните места, улиците, тротоарите, мостовите, плоштадите и базените. Потполно се чистат и гондолите и другите превозни средства. Од друга страна, никогаш не било последно да се фотографираат познатите и мегапопуларни локации, а овој храбрите турстите не треба да внимаваат илјадници луѓе да не им влезат во кадарот.

За потсетување, само неколку месеци претходно Венеција претрпе уште еден голем удар, кога градот беше погоден од поплава.

 

Планот за спас на Венеција „потона“ во корупција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот