Коронавирусот го зголеми работниот стаж на медицинскиот персонал

СП- Архива Фото: EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI

Недостатокот од здравствениот персонал во време на коронавирус, ќе се регулира со можноста здравствените работници да работат до 67 годишна возраст, но само доколу здравствените установи имаат потреба да го задржат здравствениот парсонал подолго од предвиденото време за одење во пензија. Ова законско решение ќе важи само ако има претходна согласност на здравствениот работник.

– Директорот на здравствената установа по претходна согласност на здравствениот работник или соработник, еднаш годишно донесува одлука за продолжување на договорот за вработување кој ги исполнил условите за стекнување на старосна пензија најмногу до 67 години возраст, пишува во предлог законот.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита се носи заради овозможување на континуирано пружање на здравствена заштита на осигурениците на територијата на целата држава.

„Со Предлог законот по постојниот член 204 се додава нов член 204-а, со кој по исклучок се регулира можноста за продолжување на работниот однос на здравствениот работник и здравствениот соработник заради овозможување на континуирано вршење на здравствената дејност во мрежата на здравствени установи“.

Предлог законот има само три члена и е на денешната седница на собраниската комисија за здравство во второ читање. Со сегашниот закон за работни односи мажите во пензија одат со 64 години а жените на 62 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот