Коронавирусот го угаси најпознатиот фудбалски магазин

Еден од најпознатите спортски дневни весници „Л’Екип“ западна го огромни финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот.
За да ги намали трошоците, раководството на франсцускиот весник е приморано да отпушти 56 работници, но и практично да го угаси најпознатиот фудбалски магазин „Франс Фудбал“ кој традиционално секоја година ја доделува Златната топка на најдобриот фудбалер на светот.

Со новата одлука на раководстовото одлучи наместо секои две недели „Франс Фудбал“ ќе излегува еднаш месечно и тоа како прилог во „Л’Екип“.


„Франс Фудбал“ излегува од 1946 година и е еден најпознатите и најдобрите фудбалски магазини во светот. Тоа е единствениот медиуми кој можеше да направи ексклузивни интервјуа со Диего Марадона, Тијаго Силва, Нејмар или Жозе Мурињо во само неколку недели, а исто така беше препознатлив и по одличните фудбалски анализи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот