Коронавирусот го покоси Торино: Заразени осум фудбалери!

Фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Осум фудбалери од екипата на Торино се заразени од коронавирусот, додека за уште еден играч сè уште се утврдува дали е позитивен, објавија денеска италијанските медиуми.

Целиот тим е во карантин кој треба да трае најмалку седум дена, што би го оневозможило одржувањето на тренинзите.

Се чека одлуката на локалните здравствени власти во врска со одложувањето на натпреварот од Серија А помеѓу Торино и Сасуоло кој треба да се одигра во петок.

Освен мечот со Сасуоло, неизвесен е и дуелот кој треба да се игра следниот вторник против Лацио во Рим, исто така во рамките од првенството.

Торино моментно е на 17 место во шампионатот со освоени 20 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот