Коронавирусот го одложува новиот меч на Џенова и Пандев!?

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Спортскиот директор на Џенова, Даниеле Фаџано побара да биде одложен натпреварот против Торино кој е закажан за 3 октомври 2020 година.

Причината поради ваквото барање се 14 позитивни тестови на коронавирус во три дена.

Протоколот на италијанската фудбалска асоцијација не обезбедува минимален број на заразени играчи за автоматско одложување на натпреварот од Серија А, но со повеќе од една третина од нивните членови надвор од ковид-19, не се очекува Џенова да биде домаќин на Торино

– Сега го разбирам колапсот во второто полувреме (против Наполи). Сега, да видиме, мислам дека ќе побараме одложување. Не можеме да тренираме – рече Фаџано за италијанските медиуми.

На последниот првенствен дуел Џенова загуби убедливо од Наполи со 6:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот