Коронавирусот го одложи референдумот во Ерменија за Уставниот суд

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Пандемијата од коронавирусот ја присили Ерменија да ги прекине подготовките за референдумот за отстранување на неколку судии од Уставниот суд, што беше планиран за следниот месец, јавуваат државните медиуми, пренесе ДПА.

Изборниот орган на оваа поранешна советска република во јужен Кавказ, соопшти дека ќе го одложи референдумот заради загриженоста од појавата на вирусот во земјата, пренесе германската агенција.

Ерменија досега пријави десетици заразени пациенти од коронавирусот и со сите сили се обидува да го избегне разунувачкиот ефект што тој го направи со соседен Иран, каде досега повеќе од 800 лица умреа од заразата.

Референдумот, што беше планиран за 5 април, е инициран и поддржан од премиерот Никол Пашинијан за менување на седум од вкупно деветте уставни судии во земјата.

Овие седум судии беа назначени пред доаѓањето на власт на Пашинијан во 2018 година. Повикот за референдум дојде откако Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка за корупција против поранешниот претседател Роберт Кочарјан, потсетува ДПА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот