Коронавирусот го одложи и 30 натпревар во НБА лигата
Натпреварот помеѓу кошаркарите на Торонто и Чикаго е одложен поради неколку заразени со коронавирус во канадската екипа на Репторси, објави НБА лигата.
Овој меч требаше да се игра ноќта помеѓу недела и понеделник, а во лигата беше наведено дека ситуацијата во тимот на Торонто „се влошува“ поради заразените, но не го наведе бројот на позитивни.
Поради почитување на правилата за следење на лица со кои биле заразени контактираните, Торонто нема да ги има на располагање осумте потребни играчи, поради што натпреварот е одложен.
Претходниот дуел Торонто го одигра без тренер Ник Нерс и неколку членови на стручниот штаб поради здравствениот протокол, па помошникот тренер Серџо Скариоло го предводеше тимот до победата против Хјустон.
Сите играчи и тренери во НБА лигата секојдневно се тестираат за вирусот корона. Натпреварот Репторс – Булс е 30 натпревар во сезоната во НБА лигата кој е одложен поради ковид-19.
Според распоредот, Торонто треба да игра против Детроит во вторник навечер.