Коронавирусот го надмина САРС по бројот на мртви во Кина

Во Кина забележани 2829 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број порасна на 17.386 заразени лица.

Бројот на мртви во епидемијата од коронавирусот се искачи на 362 до вчера, што е за 58 повеќе од саботата, објави Националната здравствена комисија на Кина. Една личност починала на Филипините.

Од новите смртни случаји 56 се забележани во Хубеи, провинцијата во која се наоѓа Вухан, упориштето на вирусот, а едно лице починало во провинцијата Чонгкинг.

Во Кина се забележани 2829 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број порасна на 17.386 заразени лица.

Само за споредба, коронавирусот во Кина усмрти повеќе луѓе отколку САРС-от во 2003 година. САРС во Кина усмрти 349 луѓе.

Неверојатни глетки: Стравувањата од коронавирусот ги принуди Кинезите на драстични мерки (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот