Коронавирусот го менува ликот на Њујорк (ФОТО)

epa08333046 Medical professionals and hospital employees transfer a body on a hospital gurney into temporary storage in a mobile morgue, being used due to lack of space at the hospital, outside of the Brooklyn Hospital Center in Brooklyn, New York, USA, on 30 March 2020. New York City is still the epicenter of the coronavirus outbreak in the United States and as of Monday there were reportedly 1,218 people who have died as a result of complications from COVID-19. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Неколку десетици шатори, во кои има  68 болнички кревети и 10 респиратори, се поставени во познатиот Централ парк

Импровизираните полски болници во познатиот Централ парк, тениските терени и конгресниот центар, опремени со илјадници болнички кревети, покажува дека Њујорк прераснува во епицентар на светот на пандемијата на коронавирус.

 Воен брод кој ќе служи како болница за лекување на заболени од Ковид-19 пристигнува во Њујорк/ 31 март 2020, Њујорк Сити, САД/ ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Од пандемијата досега во Њујорк починаа повеќе од 1.700 лица, соопшти Американскиот претседател Доналд Трамп, кој потекнува од Њујорк, а порача дека следните две недели за САД ќе бидат многу тешки и ќе бидат прашање на живот и смрт.

Финансиската престолнина на САД Њујорк е најпогодениот американски град од пандемијата од Ковид-19. Поради наглиот наплив на болни, градските власти беа принудени да поставуваат импровизирани полски болници за да можат да ги зголемат капацитети за прием на пациентите во пресрет на пикот на епидемијата.

Неколку десетици шатори, во кои има 68 болнички кревети и 10 респиратори, се поставени во познатиот Централ парк.

Поставување на полски болници во Централ Парк, Њујорк / 31 март 2020 Њујорк Сити, САД/ EPA-EFE/Bryan R. Smith
Поставување на полски болници во Централ Парк, Њујорк / 31 март 2020 Њујорк Сити, САД/ EPA-EFE/Bryan R. Smith
Поглед кон импровизираните болници во Централ Парк/ Њујорк Сити, САД, 31 март 2020 / Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Граѓаните на Њујорк коментираат дека целата оваа состојба е надреална, потсетувајки на холивудстките филмови кои во минатото биле прикажувани на тема епидемија, а кои биле доживувани како нереално сценарио.

Според официјалните податоци, бројот на зарзаени во САД се искачи на 189 510, од кои 4076 завршија со смртен исход.

Бројката на починати во САД ја премина и бројката на починати во Кина, која според официјалните извештаји изнесуваше 3310.

Градоначалникот на Њујорк, град со најголем број на починати и зарзаени лица од Ковид -19, најави зголемување на болничките капацитети во пресрет на врвот на бројката на заразени која се очекува да биде кон крајот на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот