Коронавирусот ги затвори вратите и во Евролигата

Донесена е одлуката натпреварот во Италија да се игра без присуство на навивачи.

По фудбалската Серија А која одложи дури пет натпревари од 26. коло, и кошаркарската Евролига почна да се соочува со проблеми поради коронавирусот.

Имено, челниците на Евролигата донесоа официјална одлука натпреварот помеѓу Олимпија Милано и Реал Мадрид да се игра без гледачи.

Во салата „Медиоланум форум“ ќе биде забранет влезот за навивачите, но и за новинарите како и за дополнителните членови на екипите.

Откажани се и редовните медиски активности, и во салата ќе бидат присутни само кошаркарите, тренерите, судиите, како и екипите за следење на резултатот, персоналот на телевизијата која ќе го пренесува натпреварот, лекарски екипи и минимален број на лица задолжени за одржување на салата.

Исто така, зад „затворени врати“ ќе се одигра и натпреварот од Еврокупот помеѓу Бреша и Венеција, а се чека одлука за натпреварот помеѓу Асвел и Валенсија бидејќи домаќинот побара да има највеќе 5.000 навивачи на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот