Коронавирусот ги уништува мексиканските картели-цената на дрогата поскапува, бизнисот пропаѓа

Коронавирусот ја запре испораката за хемикалии од Кина, без кои не може да произведе синтетичката дрога.

Затворањето на границата и ограничувањето на воздушниот сообраќај, ја зголемија цената на дрогата, што за нарко картелите отвори нови проблеми. Имаат недостиг на суровини за прозводство на синтетички дроги. Паралалено со ова, сè поизразени се  борбите за доминација и освојување на нови територии меѓу мексиканските нарко картели.

Жителите на Мексико Сити на централниот пазар можат да купат буквално сè, од маскирни униформи, до облека, техничка роба до дронови и мобилни телефони. Овие производи  повеќето се кинески копии на западните производи, но главната роба се продава под тезга,- дрога и оружје.

Реонот каде се наоѓа главниот пазар е под контрола на нарко бандата Унион тепито. Сите оние кои сакаат да продаваат на пазарот мораат на оваа банда да ѝ платат такса од која неделно криминалците заработуваат и по стотици илјади пезоси.

Робата и производите се продаваат без гаранција и без издавање на фискални сметки. Поради избегнувањето на легалноста, цените се толку ниски што секојдневно пред тезгите има големи редици на купувачи. Сега поради пандемијата на коронавирусот, бројот на купувачите е видливо намален, а доцни и робата која доаѓа од Кина.

Иако продажбата е падната за 50 насто, криминалниот клан и натаму бара од продавачите да ја платат истата цена на задолжителната такса. Поради ова голем дел од продавачите се во сериозна фианансиска криза бидејки не можат да ги покријат најосновните трошоци како што е висината на таксата.

Дополнителен проблем предизвикува и растечкото насилство бидејки криминалците од нарко кланот ги убиваат оние продавачи кои должат за таксата, а тие што немаат да платат ги уценуваат да позајмат пари и да си го платат долгот.

Коронавирусот ја запре испораката за хемикалии од Кина, без кои не може да произведе синтетичката дрога. Особено голем дефицит, наркокартелите имаат со набавката на фентанил што е замена за опиум. Особено што кинескиот град Вухан каде беше жариштето на коронавирусот,беше главниот центар за бизнисот со дрога и со испорака на хемикалиите од кои се правеа синтетичките дроги.

Проблемите со испораката серизоно го уништи бизнисот на неколку големи мексикански нарко картели, кои како одговор на ова, ги зголемија цените. Тие сега половина килограм метамфетаминот, познат како кристал мет, го продаваат за  567 наместо како досега, за 95 евра.

И шверцот на дрога кон САД е делумно прекинат бидејќи поголем дел од граничните премини се затворени и на нив е распоредена американската армија. Иако картелите имаа договори со корумпираните припадници на граничната полиција, особено на деловите на илегалните премини, сега шверцот е речиси запрен.

Бидејќи  поголемиот број на летови од земјите на Јужна Америка се укинати, американските воздухопловни безбедносни органи полесно на радарите ги фаќаат шверцерските авиони со кои се префрла дрогата на територијата на САД. Неодамна беше лоциран и принуден да слета мал авион полн со дрога кој од Хондурас требаше да ја однесе дрогата во пограничните населени места долж американските населени места долж мексиканската граница.

Иако веќе насилството не е во првите ударни вест, тоа не е намалено. Неодамна беше убиена една новинарка која правела сторија за бизнисот на мексиканските нарко картели. Од воведувањето на карантинот на 23 март досега, според официјални извештаи, убиени се 700 луѓе,сите во пресметка, ривалитет или должнички односи меѓу нарко бандите. За споредба, пред воведувањето на карантинот, годишно во Мексико беа евидентирани околу 95 убиства.

Од воведувањето на карантинот од коронавирусот зголемен е и бројот на кражби и борба за територии меѓу нарко бандите. Криминолозите сметаат дека кризата и пандемијата ги зголеми меѓусебните пресметки меѓу мексиканските нарко банди, како и го зголеми бројот на кражби и киднапирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот