Коронавирусот ги натера на тоа: Маските за нуркање ги претвораат во справи за спасување животи (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Инжинерите од компанијата „ISINNOVA“ се здружија со стручните лица од „Декатлон“, со цел да ги поврзат маските за нуркање со медицинските машини за дишење.

Огромно е побарувањето за овие направи, бидејќи Италија секојдневно се соочува со стотина мртви поради коронавирусот.

Кинеските власти го ставија под контрола смртносниот вирус, но новото жариште сега е во Европа и САД. Бројот на заразени расте од час на час, а за нив е потребна медицинска опрема и вешти лица.


Експертите бараат алтернатива

Инжинерите Кристијан Фракаси и Александро Ромајол работат во компанијата “ISINNOVA“. Тие се обратиле на докторот Ренато Фавер од болницата Гардоне Валтромпа, за да го ублажат недостатокот на C – PAP маски за време на коронавирусот.

Италија е соочува со дефицит на медицинска опрема, па докторот Фаверо предложи поврзување на нуркачки маски со машината за вентилација. Инжинерите успеале да ја претворат нуркачката маска во вентилациони маски кои се потребни за болниците. Компанијата “ISINNOVA“ и „Декатлон“ заедничи ги креираа и ги тестираа маските.

Брзо било обезбедено нуркачка маска, проучен дизајн и објавени потребни модификации. ISINNOVA печати 3Д вентили кои ги спојуваат маските со цефките од апаратите за дишење.

Компанијата објави дека прототипот од маска бил тестиран на еден нивен колега во локалната болница и дека пробата успеала. Самата болница тестирала производ на пациенти и ги модификуваната маска се покажала успешно.

Објавени се и нацрт од модификацијата, па експертите можеле да почнат со изработка на опрема која спасува животи. На интернет се наоѓаат упаства по кои може да се направи прилагодувања на нуркачките маски.

C- PAP маските чинат околу 100 евра, а болницата сега може да ги купи од „Декатлон“ по цена од 25 евра. Производството на 3Д вентили е бесплатна, па ова е најверојатно најефтиното решение за решавање на кризата на недостаток од опрема за дишење.

Маските не се совршени

Постои опасност под површината да се создаде поголема количина на јаглен-диоксид, доколку не се направи правилен одвод на воздух. Исто така, болниците мораат да имаат доволен број вентилатори на кои маските можат да се приклучат.

Од компанијата ISINNOVA велат дека маските и печатените вентили не се сертификувани, па истите треба да се користат само во исклучителни случаеви. Опремата е дизајнирана за да се користи кога нема официјално медицински производи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот