Коронавирусот ги напаѓа сите континенти, одложен и Африканскиот куп на нации

South African and Nigerian players react after the 2019 Africa Cup of Nations (AFCON) quarter final soccer match between Nigeria and South Africa in Cairo Stadium in Cairo, Egypt, 10 July 2019. EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Африканскиот куп на нации кои требаше да се одржи на почетокот од наредната година е откажан и презакажан за 2022 година поради пренатрпаниот календар.

Конфедерацијата на африканскиот фудбалски федерации (ЦАФ) денеска соопшти дека турнирот на кој 24 екипи ќе се борат за титулата ќе се одржи во јануари и февруари 2022 година во Камерун.

„Датумите на турнирот и преостанатите натпревари во квалификациите дополнително ќе бидат објавени“, стои во соопштението на ЦАФ.

Во квалификациите остана да се одиграа уште четири кола, а со распоредот се доцни поради пандемијата на коронавирусот, оваа година не е одигран ниту еден натпревар, а во октомври и ноември слободни се само четири термини.

Пандемијата го одложи и женскиот Африкански куп на нации и наместо тоа во 2021 година ќе стартува женска Лига на шампиони.
Секоја од 54. земји членки на ЦАФ ќе добие 300.000 долари како помош за покривање на трошоците предизвикани од пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот