КОРОНАВИРУСОТ ГИ ИСПЛАШИ СВЕТСКАТА БАНКА И ММФ: Априлскиот состанок во Вашингтон ќе биде виртуелен

Фото Архива на СП

Состаноците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во април, кој вообичаено вклучува десетина илјади лица во Вашингтон, оваа година поради коронавирусот ќе се одржи во виртуелен формат, најавија официјални лица на двете институции преку заеднично соопштение.

„Додека расте загриженоста во врска со вирусот, управите на ММФ и Светската банка како и нивните управни совети договорија дека состаноците во пролетта 2020 година да се одржат во виртуелен формат – изјави Кристалина Геoргиева, генералната директорка на ММФ и Дејвид Малпас, претседателот на Светската банка, пренесува „Сибиз“.

Двајцата чекници нагласија „длабока загриженост со развојот на епидемијата на коронавирусот и човечката трагедија која ја следи“.

За време на тие состаноци ММФ и Светската банка ќе објават и претстават освежени предвидувања за растот на светската економија.

Во рамки на овие настани ќе биде одржан и состанокот на Г20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот