Коронавирусот „експлодира“ во регионот – следува ли повторно заклучување?

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Според најновите извештаи за епидемиолошката состојба, земјите од регионот бележат натамошно зголемување на бројот на новозаразени и хоспитализирани од коронавирусот

Словенија три дена по ред регистрира повеќе од 200 новозаразени луѓе, а се поголем е бројот на пациенти на кои им е потребна болничка нега.

Директорот на словенечкиот Национален институт за јавно здравје, Милан Крек, изјави дека не ја отфрли можноста за повторно затворање на државата, доколку е потребно.

И хрватскиот Јадран е и денес портокалов на ажурираната европска карта, како и Градот Загреб.
Во последните 24 часа, во таа земја е регистрирано ново зголемување од 333 новозаразени лица, со што бројот на активни случаи се зголеми на 1.552 лица.

Пријавени се три смртни случаи, а од почетокот на епидемијата, дури 8.278 смртни случаи.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, тестирани се 2.480 примероци за вирус корона, од кои 180 се новозаразени, едно лице повеќе од претходниот ден. Пријавени се четири смртни случаи, додека вчера немаше ниту еден.

Само во Федерацијата БиХ беа тестирани 1.964 примероци, од кои 137 беа позитивни за коронавирус. Пријавени се два смртни случаи, а вкупниот број смртни случаи од почетокот на епидемијата е 5.548.

Република Српска тестираше 277 примероци за вирусот корона, од кои 40 беа новозаразени, а тоа беа 21 маж и 19 жени, од кои 12 беа помлади, 17 средовечни и девет постари лица. Пријавени се две смртни случаи, вкупно 3.812 лица со потврден тест за коронавирус од појавата. Во моментов, 420 лица се под здравствена заштита.

Во Црна Гора, тестирани се 4.251 примероци за новиот коронавирус, од кои 389 се новозаразени, вклучувајќи 60 туристи. Пријавен е еден починат. Вкупниот број на моментално активни случаи на ковид 19 во Црна Гора е 3.373.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот