Коронавирусот е сериозен потрес за економијата на Кина

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Појавата на коронавирусот и неговото брзо ширење допринесе за брз раст на цената на храната во Кина. Според Националната канцеларија за статистика на оваа земја, речиси сите намирници во јануари поскапеле за 5,4 отсто.

Станува збор за најголема брзина на раст на цените од октомври 2011 година, кога Кина со месеци се бореше со инфлација.

Најмногу е поскапена храната, а свинското место, кое се смета за главен продукт во истраната на Кинезите, достигна релативно висока цена поради вирусот, поради што сега е поскапо за 116 отсто во однос на минатата година. Цените на зеленчукот исто така се пораснати за 17 отсто.

Освен тоа, здравствената нега е поскапа за 2,3 отсто, а цените на облеката за 0,6 проценти. Според Националната канцеларија на Кина, коронавирусот, од кој починаа повеќе од 900 луѓе, значително влијаел врз растот на цените. Епидемијата на вирусот го наруши производството и транспортот на храна, особено од моментот кога неколку кинески градови се во изолација, за да се спречи неговото ширење.

Значаен фактор е и прекумерното купување на кое се одлучија многу луѓе во Кина, за своите домови да ги опремат со поголеми залихи на основните продукти, поради очекувањата дека долг период ќе бидат затворени во своите домови.

Аналитичарите очекуваат инфлацијата во февруари да се намали, но се очекува и глобалното поскапување да се одржува над четири отсто поради коронавирусот и низата на проблеми кои и предизвикува, пренесува „Кликс.ба“.

Владата на Кина, свесна за висината на инфлацијата, објави дека ќе го засили увозот на месо и секојдневни намирници, како и дека ќе пушти во промет 90.000 тони свинско месо и 43.000 тони зеленчук од својот централен резервоар.

На крајот на јануари, супермаркет во Шангај е казнет со 290.000 долари откако ги зголемил цените за 692 отсто, додека во градот Џенгџу во централна Кина, супермаркет е казнет со 71.600 долари поради тоа што во него зелката се продавала за два долари по килограм.

Врховниот суд на Кина неодамна најави дека подигањето на цените ќе може да биде казниво и со затвор.

Коронавирусот значително влијаеше врз паричникот на кинеските купувачи, кој веќе од претходно беше „многу тенок“. Цените за храната растеа од година в година, главно поради свинскиот грип кој се рашири меѓу свињите во земјата, а коронавирусот дополнително го зголеми скокот и сериозно за потресе економијата на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот