Коронавирусот дополнително го искомплицира патот до здравје на лицата со ретки болести

Наташа Анѓелеска од здружението на лица со ретки болести во „Утрински брифинг “ на „Слободна ТВ“ зборуваше за проблемите со кои се соочуваат лицата со ретки болести.

Здружението на граѓани за ретки испратија повеќе дописи до Министерството за здравство, министерот и Комисијата за ретки болести, барајќи решенија за проблеми со кои се соочуваат пациенти и семејства со ретки болести во моменталната ситуација.

Оттаму посочуваат дека ретките болести се комплексни доживотни состојби, кои најчесто бараат мултидисциплинарен пристап. Во регистарот за ретки болести, додаваат, има околу 500 заведени пациенти со над 80 различни дијагнози.

Од Здружението бараат Комисијата за ретки болести да ги разгледа дијагнозите и да одлучи кои од нив треба да се стават на листата на ослободени од работа.

Здружението побарало и родители на деца кои се високоризична група, да бидат ослободени од работа. Родителите, како што наведуваат, одат на работа и ризикот за детето е голем иако е дома, бидејќи родителите не се изолирани дома.

Оттаму бараат за пациентите со ретки болести да се воспостави посебна процедура во случај да заболат од Ковид-19, поради комплексноста на болеста со која живеат и мултидисциплинарен тим кој е потребен за следење на пациентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот