Коронавирусот беснее во источна Европа

Киев, Украина/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Пандемијата на коронавирусот расте во Источна Европа – Чешка потврди рекорден број заразени, Полска е во пораст, Украина објави најмногу жртви од ковид од почетокот на пандемијата, а Летонија се затвора еден месец во средината на неделата, пишува Ројтерс.

Чешката потврди 2521 нови случаи на коронавирусот, најголем број заразени во еден ден од крајот на април, според денешните податоци на Министерството за здравство.

Чешката Влада не ги заостри анти-ковид мерките, туку се фокусираше на вакцинацијата бидејќи податоците покажуваат дека повеќето од заразените не се вакцинирани.

Земјата со 10,7 милиони жители целосно вакцинираше 6,03 милиони луѓе до понеделник.

Во болниците има 544 луѓе, најмногу од крајот на мај, но сепак помалку отколку во март кога последниот бран на пандемијата ја опустоши земјата. Во изминатата недела, во Чешка се потврдени 54 смртни случаи поврзани со ковид-19, повеќе отколку во целиот септември.

Рекорден број на загинати во Украина, заклучување во Летонија од четвртокот

Украина потврди рекордни 538 смртни случаи поврзани со ковид-19 и 15 579 нови инфекции во изминатите 24 часа, соопшти во вторникот Министерството за здравство. Украина пријави вкупно 2,66 милиони инфекции и 61 348 смртни случаи за време на пандемијата.

Нејзиниот сосед Полска со 3931 нови инфекции има скоро 85 проценти повеќе инфекции отколку минатиот вторник.

– Немам добри вести. Уште 3931 лица се заразени, ако го споредиме со минатиот вторник, тоа е зголемување за речиси 85 проценти, рече заменик -министерот за здравство, Валдемар Краска за Полски радио 1.

Летонија во понеделникот објави ново четиринеделно затворање од 21 октомври до 15 ноември, со цел да се забави ширењето на вирусот, во една од најмалку вакцинираните земји во Европската унија.

– Летонија е број еден во светот според стапката на заразени, рече министерот за здравство, Даниелс Павлутс пред новинарите во понеделникот вечерта по итен состанок на владата.

Продавниците, рестораните, училиштата и сите видови забави ќе бидат затворени. Само неопходните услуги ќе останат отворени, додаде тој. Тогаш заклучувањето ќе се олесни само за вакцинираните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот