КОРОНАВИРУС: Во еквадорски град лешеви лежат по улиците

Во еквадорскиот град Гвајакил, поради пандемијата со коронавирусот, здравствениот систем е преоптоварен поради што голем број починати едноставно се оставени на улица, пишува Си-Ен-Ен.

Здравствениот систем е во колапс, болниците повеќе не можат да примаат луѓе, ниту пак мртовачниците, па некои граѓани тврдат дека мртвите тела на своите блиски мора да ги оставаат на улица.

Не е познато колку точно луѓе во градот починале од коронавирусот. Некои тврдат дека нивните блиски имале симптоми на вирусот, други велат дека болниците не можеле да ги примат поради пренатрупаност.

„Чекавме пет дена. Повикавме Брза помош и само ни рекоа да чекаме, дека с еобидуваат да ја решат ситуацијата“, изјавил човек од Гвајакил во видео кое се споделува на социјалните мрежи, додека на истото видео негов сосед додава дека најтешко се поднесува миризбата од лешевите.

„Покрај мртвите тела дополнителен проблем е што имаме и многу стари соседи. Мојата мајка има 80 години и е со респираторни проблеми. Властите едноставно не оставаат д аумреме“.

Во Еквадор има 3.368 случаи на заразени од коронавирус, од нив 145 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот