Коронавирус во Белорусија: 92 новозаразени во последните 24 часа

Фото: Профимедиа

Во последните 24 часа има уште 92 нови случаи на заболени од Ковид-19 во Белорусија, што е 24 помалку од претходниот ден, соопшти денеска белоруското министерство за здравство.

„Досега во Белорусија се потврдени 69.516 случаи на Ковид-19“, се наведува во извештајот од министерството.

Во соопштението се наведува дека се починати 610 пациенти со хронични заболувања, дека се излечени 67.070, вклучувајќи и 325 во последните 24 часа.

Во Белорусија не е воведена вонредна состојба, ниту се забранети масовни јавни собири.

Министерот за здравство на Белорусија очекува втор бран на епидемијата во ноември и декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот