Коронавирус состојба: Регионот повторно се мачи со пандемијата

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Земјите од регионот во периодов повторно се мачат со пандемијата, некои од нив бележат раст на бројките на заболени, а некои раст на загинати од ковид-19.

Кај нас во изминативе 24 часа беа регистрирани 227 случаи, а беа потврдени 15 починати.

Србија

Така, во Србија изминативе 24 часа се регистрирани 5,733 случаи, а починале 61 лице.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ денеска за телевизијата Танјуг изјавил дека ситуацијата не е извонредна, како што велат некои негови колеги, туку катастрофална и дека корона вирусот не препознава „српски инает“. 

Бранислав Тиодоровиќ/ Фото: youtube/printscreen

Словенија

Во Словенија повторно беше забележан на раст на бројките, во изминативе 24 часа се регистрирани 1497 нови случаи, а има починато 5 лица. 

Хрватска

Во Хрватска има нов раст на бројките во изминатата недела, а во последниве 24 часа се регистрирани 2,293 лица, а починале 28 лица.

Бугарија

Кај нашиот источен сосед во последниве 24 часа се регистрирани нови 3,353 случаи на ковид-19, а починале 58 лица.

БиХ

Во Босна и Херцеговина се регистрирани 273 нови случаи со 17 починати од 1,675 тестирани.

Албанија

Кај западниот сосед се регистрирани нови 629 нови случаи, а починале 7 лица.

Грција

Кај Грците се регистрирани 2,098 новозаразени и 3о починати.

Црна Гора

Во Црна Гора се регистрирани 433 нови случаи со шест починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот