Коронавирус се појавил меѓу вработените на позната велешка компанија

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Коронавирус се појавил меѓу вработените на позната велешка компанија, информира Батали.нет. Најмалку еден вработен од компанијата е позитивен на тестот. Нему резултатите му стигнале вчера, но на работа не доаѓал од средата.

Центарот за јавно здравје синоќа го информирал раководството на компанијата за позитивниот резултат на тестот на вработениот, а на работниците кои имале контакти со него, веднаш им издал решенија за 14-дневен карантин.

Од компанијата велат дека будно ја следат состојбата и дека веднаш ги презеле сите мерки за да не се дозволи евентуално ширење на заразата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот