КОРОНАВИРУС: Над 71 милион луѓе заболени ширум светот

Фото: EPA-EFE/GENO ZHOU CHINA OUT

Повеќе од 71 милион луѓе биле заразени со коронавирусот ширум светот, додека речиси 50 милиони се излекувале, а речиси 1,6 милиони починале како резултат на инфекцијата, покажуваат податоците на интернет – страницата „Ворлдметер”.

Како што е наведено, од почетокот на пандемијата, 71.329.412 лица се регистрирани со коронавирус, починале 1.599.128 лица, а 49.473.092 се сметаат за излекувани.

Во моментов има 20.257.192 активни случаи во светот, од кои 106.583, или 0,5 проценти, се во сериозна или критична состојба.

САД сè уште имаат најголем број смртни случаи и заразени во светот, со повеќе од 16 милиони регистрирани случаи и 302.029 смртни случаи.

На второ место според бројот на заразени е Индија со 9.826.031 случај на коронавирус, а на трето е Бразил со потврдени 6.836.227 случаи.

Бразил, сепак, е на второто место во светот според бројот на смртни случаи со 180.437, додека 142.618 смртни случаи се регистрирани во Индија.

Русија и Франција имаат повеќе од два милиони заразени, следат Велика Британија и Италија со над 1,8 милиони заразени и Турција и Шпанија со повеќе од 1,7 милиони заразени.

Аргентина, Колумбија, Германија, Мексико, Полска и Иран исто така имаат повеќе од милион потврдени случаи на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот