Коронавирус и во редовите на МЗТ Скопје

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Кошаркарската сезона во Македонија се уште незапочната има огромни проблеми со коронавирусот.

Откако во таборот на Работнички се појави корона и комплетниот тим замина во карантин, денеска коронавирусот го нападна и МЗТ Скопје. Од таборот на „металците“ преку соопштение информираат дека нема заразени позитивни меѓу кошаркарите, туку меѓу луѓето кои работат со нив, но од денеска комплетниот тим заминува во самоизолација.

И покрај максималното придржување кон мерките за заштита од коронавирусот, денеска член на стручниот штаб на нашиот тим беше позитивен на тестот на ковид-19. Тој веќе неколку дена е во карантин, откако кај него се појавија благи симптоми, а по добивањето на неговите резултати од вечерва во самоизолација ќе бидат и нашите кошаркари и останатите членови на стручниот штаб.
Во текот на утрешниот ден очекуваме насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, кои претпоставуваме ќе значат тестирање на сите во тимот. Играчите, тренерите и останатиот персонал се чувствуваат добро и никој од нив нема симптоми, но за нивна и општа безбедност тие ќе останат дома се до следните препораки кои ќе ги добиеме, односно додека и тие на направат тестови на Ковид-19.
МЗТ Скопје Аеродром постојано апелира на придржување кон мерките за заштита како што се редовна хигиена, носење заштитна маска и држење дистанца, како најсигурни методи за заштита од коронавирусот“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот