Коронавирус и во редовите на Ливерпул

фото: facebook.com/LiverpoolFC/

Не е познато кое лице е заразено, дали е во прашање фудбалер или член на стручниот штаб, пренесуваат британските медиуми.

Проблем пред почетокот на сезоната во Ливерпул – еден член на „редси“ на тестирањата на коронавирус е позитивен.

Играчите на менаџерот Јирген Клоп се наоѓаат на подготовки во австрискиот град Салцбург.

Шампионот на Англија првично требаше да замине во францускиот Евијан, но поради лошата епидемиолошка состојба во тој град, ја избра Австрија.

Според најавите новата сезона 2020/21 во Премиер лигата започнува на 12 септември, а наскоро ќе биде познат и распоредот на натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот