Короната се заканува да ја „збрише“ оваа земја: Децата не се вакцинирани, милиони бездомници, а оброк само еднаш во денот (ВИДЕО)

Јемен / Фото: Архива

Короната се заканува за ја „збрипше“ оваа земја: Децата не се вакцинирани, милиони бездомници, а оброк само еден во денот (ВИДЕО)

Влијанието на коронавирусот врз Јемен ќе биде погубно по долгогодишната граѓанска војна, изјави шефот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во земјата за Скај њуз. Говорејќи од јеменската престолнина Сана, Жон Николас Буз рече дека бројот на заболени од коронавирусот во земјата рапидно се зголемува, а во исто време, меѓународните агенции за помош се принудени да ги напуштат критичните програми.

-Коронавирусот може да биде сламка што ќе го скрши  ‘рбетот на камилата во Јемен-рече Буз. Тој додаде дека ситуацијата е исклучително тешка за здравствените службеници да го следат ширењето на вирусот, и покрај сите напори.

Немаат доволно тестови

– Немаме доволно тестови. Половина од здравствените установи се уништени во претгодишниот конфликт. Луѓето умираат од многу други причини како што се маларија, колера – додаде тој.

Предупредувањето на ОН уследи откако Скај њуз сними видео во јужниот град Аден на кој се прикажани редови  гробови, додека владата се бори со зголемениот број на починати.

Бројни болести се веќе ендемски во Јемен, а годините на граѓанската војна раселија милиони. На повеќе од 24 милиони луѓе во Јемен, што е околу 80 проценти од вкупното население, им е потребна хуманитарна помош. Половина од здравствените установи во земјава се нефункционални, а скоро четвртина од областите во земјава немаат доктори.

– Знаеме дека имунитетот кај населението е многу низок, зборуваме за луѓе кои можеби јадат еднаш во денот. Зборуваме за деца кои не се вакцинирани, зборуваме за луѓе кои ги напуштиле своите домови затоа што нивните куќи биле гранатирани или бомбардирани и заради тоа немаат елементарни услови за живот- истакна Буз.

Сепак, како што вели, токму во време кога е потребна итна дополнителна помош, донаторските земји ги намалуваат средствата.

– На сите хуманитарни партнери овде им недостасува критично финансирање. УНХЦР за неколку дена ќе затвори голем број на животни програми. Па така, ќе оставиме 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 280.000 бегалци без било каква форма на помош. Тоа е живот и смртна состојба за нив – додаде шефот.

Глобалните ограничувања поради коронавирусот го оневозможуваат одењето во Јемен, така што ситуацијата не може да се види од прва рака, но може да се заклучи од снимките на социјалните мрежи и локалните ТВ-станици.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот