Короната ја уби романтиката: Нема туристи, па нема ни работа за градителите на гондоли во Венеција

EPA-EFE/FABIO MUZZI

Во традиционалните венецијански градилишта на гондоли последниве месеци може да се слушне само звукот на морските бранови.

Такви градилишта во 18 век, кога италијанскиот мајстор Каналето ја сликал панорамата на градот, имало насекаде. Денес се останати само четири, но и тие не работат откако поради пандемијата е забрането возење со гондоли низ Венеција.

Профимедиа

„Венеција без гондолите нема смисла. Секој пат кога нова гондола ќе нурнам во водата, тоа е како да сведочам на раѓање. Тие се мојата креација“, вели Роберто Деи Роси, еден од ретките преостанати традиционални столари кој ги изработува долгите црни чамци. Рачно изработува 4-5 гондоли годишно, а за секоја гондола му се потребни околу 400 работни часа.

EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Гондолите се долги 10 метри, широки 1,38 метри и тежат 600 килограми. Имаат 280 делови од осум видови дрво – даб, ариш, костен, вишна, липа, кедар, махагони и елка. Ги купуваат гондолиерите, кои за нив плаќаат меѓу 30.000 и 50.000 евра.

Секоја се прилагодува на тежината на идниот сопственик.

„Имавме и неколку ентузијасти кои ни нарачуваа гондоли од Америка, Германија и Јапонија“, вели Деи Роси.

EPA-EFE/FABIO MUZZI

Некогаш гондолите се сметале за подарок достоен за крал. Некои заедно со гондолиерите, венецијанскиот властелин му подарил на францускиот крал Луј 14.

По венецијанските канали денес пловат околу 400 гондоли. Оние кои сакаат да работат како гондолиери треба да се натпреваруваат за ограничениот број дозволи што ги издаваат градските власти.

Гондолите повторно ќе запловат од утре, кога Италија ги отвора границите за туризмот.

EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот