Короната го исфрли од ОИ најдобриот голфер на светот

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Шпанецот Џон Рам, првиот голфер на ранг листата, мораше да се повлече од Олимписките игри во Токио поради позитивен тест на коронавирус.

Еден од главните фаворити за златниот медал се тестираше во Шпанија по враќањето од турнир во Велика Британија и првите два теста беа негативни, но третиот беше позитивен поради што е принуден да се откаже од настапот на ОИ во Токио.

„Жалиме поради ваквиот развој на настаните, знаеме колку на Рам му беше важно да ја претставува нашата држава. Немаме време да испратиме замена и поради тоа единствен учесник во машка конкуренција ќе биде Адри Арнаус. Во женска конкуренција ќе не претставуваат Карлота Сиганда и Азахара Муњоз“, стои во соопштението на Шпанскиот олимписки комитет.

Џон Рам оваа сезона триумфира на УС Опен, додена на Бритиш опен го освои третото место. Натпреварите во голф ќе започнат на 29 јули во Касумигасаки кантри клубот во Токио.

Видео на денот