Короната беснее во Србија: 63 починати пациенти 8.000 новозаразени

фото: ЕПА

Во последните 24 часа во Србија се забележани 63 нови смртни случаи како последица на ковид-19, како и 7.840 новозаразени пациенти, што е околу 2.000 повеќе од претходниот ден, соопштија здравствените власти.

Од вкупниот број пациенти во болниците, повеќе од 250 се наоѓаат на кислородна поддршка и се во тешка состојба.

Заменик-директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ, изјави дека државата задоцнила со мерките како ковид пропусниците и со промовирањето на вакцинацијата.

„Многу тешки пациенти се во болниците. Секој ден се провлекуваат пациенти кои со мешани симптоми имаат корона и тоа е многу тешко да се контролира“, рече Јанковиќ на ТВ Прва.

Тој оцени дека епидемиолошката ситуација ескалирала во септември и октомври, како и дека „нема индиции“ дека ќе се смири во следните денови.