Короната беснее во Хрватска, денеска рекорден број нови случаи

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

И Хрватска урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот – во земјата денеска има дури 50 починати и 7.094 новозаразени со коронавирусот, што е рекордна бројка од почетокот на пандемијата.

Бројот на активните случаи во Хрватска сега изнесува 31.789. Од нив, 1.786 пациенти се на болничко лекување, а на респиратори се 234 пациенти.

Од 25-ти февруари 2020 година, кога во Хрватска е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот, до денеска се забележани 497.168 лица заразени со новиот коронавирус, а 9.450 пациенти починале. Во изолација во моментов се 30.256 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот