Корона во таборот на Португалија, Кансело ја пропушта групната фаза

фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Продолжуваат проблемите со здравјето на фудбалерите за време на Евро 2020. Сериозен удар актуелниот европски шампион Португалија која во групната фаза ќе мора да игра без Жоао Кансело.

Причината за отсуството на Кансело во дуелите со Германија, Франција и Унгарија е позитивниот тест на коронавирус. Бекот на Манчестер сити е единствениот кој имаше позитивен тест на коронавирус на последното тестирање и веднаш замина во карантин во кој ќе биде се до крајот на групната фаза. Медицинскиот тим на португалската репрезентација се сомнева дека Кансело се заразил за време на пријателкиот натпревар со Шпанија  бидејќи за „црвената фурија“ играше Серхио Бускетс кој следниот ден имаше позитивен тест на Ковид-19.

Селекторот Фернандо Сантош експресно реагираше и на местото на Кансело го повика членот на младата репрезентација Диого Дало кој кога го доби повикот се наоѓаше на одмор во Дубаи.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот