Корона вирусот го „поткопа“ Фондот за здравстено осигурување на Словенија

Од ФЗО Словенија соопштуваат дека поради кризата предизвикана од Ковид – 19 годината ќе ја заокружат со -129 милиони евра на сметката. Раководството на фондот предложи загубата да ја покрие државата.

Според пресметките од Фондот за здравствено осигурување на Словенија корона кризата во првите 5 месеци од годината ја „раситни“ сметката на оваа институција па сега проценките се дека ФЗО Словенија ќе ја заокружи годината со минус на сметката од 129 милиони евра.

Раководството на фондот предложи загубата да ја покрие државата. Предупредија дека ако тоа не се случи може последните месеци на годината да биде загрозено нормалното функционирање на Фондот.

Според нивните пресметки, главната причина за негативното салдо е значително намалените приходи поради целокупниот пад во стопанството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот