Корона-трендови: Во Германија се произведува леб со вкус на пиво

леб
Фото: Profimedia

Бидејќи рестораните, пабовите и баровите во Германија беа затворени поради пандемијата, една пиварница во Диселдорф останала со вишок 6.000 литри од своето старо пиво со бакарна боја „Алтбир“, на кое му се приближувал рокот на траење.

Но, пиварницата „Фојхшен“ се досетила да се здружи со десетина помали пекарници, кои користат варен јачмен и други житарки од процесот на подготовката на пивото, за производство на тамошниот пекарски полусолен специјалитет – векна леб „треберброт“.

Би било штета да се истури толку вкусно пиво. Така го смисливме „лебот од пиво“ – при мешањето на тестото целосно ја изоставиме водата. Одлично е што овие две занаетчиски дејности вака ги здруживме“, рекол Питер Кених во вторникот, чие семејство работи во пиварницата од 1908 година.

Profimedia
Profimedia

Десетина пекарници од оваа недела го произведуваат, регионален специјалитет „треберброт“ збогатен со пиво, а купувачите со секоја векна добиваат подарок и шише пиво „фојхшен алтбир“.

Новиот леб заситува, вкусен е, со златна, крцкава кора и мека средина“, вели пекарката Јаника  Дерксен, чие семејство ја води пекарницата „Коелвен“. Таква векна таму се продава за 3,95 евра сосе шишето пиво.

Продажбата на пивата во Германија опадна поради карантинот, па рестораните, пабовите и баровите се затворени од почетокот на ноември, освен оние „за носење“. Тоа е проблем особено за многуте германски мали пиварници, каква што е „Фојхшен“, која сега нема кому да му го испорача својот производ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот