Корона шоу на Гибралтар: Фудбалерите на Приштина исфрлени од хотелот

Екипата на Приштина пред три дена требаше да игра во квалификациите за Лигата на Европа против Линколн Ред Импс, но натпреварот е одложен бидејќи осум фудбалери на косовскиот тим беа позитивни на коронавирус.

УЕФА поради Приштина направи невиден преседан

УЕФА направи досега невиден преседан и му дозволи на косовскиот тим привремено да пријави фудбалери од други екипи само за овој натпревар кој ќе се игра утре.

Но, освен проблемите со заразени фудбалери, челниците на Приштина имаат проблеми и со сместувањето бидејќи се исфрлени од хотелот во кој требаше да престојуваат до натпреварот. Поради тоа тие мораа да се вратат назад на Косово и утре со чартер авион ќе пристигнат во Гибралтар, ќе го одиграат натпреварот и веднаш ќе се вратат назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот