Корона-пеколот на Ериксен: Спие во тренинг кампот на Интер , трча во подруми…

Кристијан Ериксен открива дека пандемијата на коронавирусот му донесе многу проблеми.

Данецот во зимскиот преоден рок за сума од 20 милиони евра од Тотенхем во Интер, но не успеа веднаш да си купи куќа во Милано и поради тоа престојува во тренинг кампот на „нероаѕурите“.

Бидејќи Италија е една од најзагрозените европски земји од коронавирусот, Ериксен беше приморан карантинот да го помине во тренинг кампот на Интер, а за весникот „Сан“ открива дека сакал карантинот да го помине кај Ромелу Лукаку или Ешли Јанг, но се откажал во последен момент.

– Наместо тоа завршив во тренинг центарот за уште пет члена на стручниот штаб кои се дојдоа тука бидејќи сакаа да ги заштитат своите семејства – открива Ериксен.

Со одлуката да остане во тренинг кампот на својот тим, започнаа проблемите за Ериксен кој открива дека бил запрен од полицијата кога бил да пазари во супермаркет.

Прочитајте и...  Ѓока: Мотивиран што ќе се соочам против еден од најдобрите тренери во светот!

– Ме запре полицијата, а јас на лош италијански јазик се обидував да им објаснам што правам, каде одам и зашто го напуштив домот. Тоа беше многу непријатно искуство за мене.

Бидејќи не смее да тренира на отворено, фудбалерот физичката форма ја одржувал во подрумот на тренинг кампот.

– Работев по програма која ми ја дадоа тренерите и нормално дека имам специјален режим на исхрана. На паркингот постои подрум во кој трчам – раскажува Ериксен.

Прочитај повеќе

ЛШ: Митревски блескаше за Порто, ладен туш за париските „милионери“!

Слободен печат

Хаверц со хет-трик за Челси во Лига купот (ВИДЕО)

Слободен печат

Ди Марија суспендиран на четири натпревари!

Слободен печат

Ѓока: Мотивиран што ќе се соочам против еден од најдобрите тренери во светот!

Слободен печат

За првпат без Роналдо и Меси: Тројца кандидати за играч на годината!

Слободен печат

Симовски повика 18 ракометарки за ЕХФ неделата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Поранешен тренер на Федерер е загрижен за Ѓоковиќ!?

Слободен печат

Има само 17 години и откупна клаузула од 400 милиони евра во Барса! (ВИДЕО)

Слободен печат

Прекрасен гест на Мурињо, ќе му ја исполни желбата на македонски новинар! (ВИДЕО)

Слободен печат

РФМ во проблеми: 16 позитивни случаи на коронавирус во РК Работнички!

Слободен печат

За Бејтулаи дуелот со Тотенхем не е „невозможна мисија“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пандев, Кулушевски и Ибра со најдобрите голови на колото во Серија А! (ВИДЕО)

Слободен печат