Корона криза во Серија А, дури 14 члена на тимот на Пандев се позитивни

epa08683777 Genoa?sGoran Pandev (2R) celebrates with his teammates after scoring the 2-0 goal during the Italian Serie A soccer match Genoa CFC vs FC Crotone at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 20 September 2020. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Тимот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев, Џенова, по вчерашната катастрофа на гостувањето во Наполи кога загуби со 6:0, денеска доби нови застрашувачки вести, дури 14 фудбалери и членови на стручниот штаб се позитивни на коронавирус.

Целиот тим на Џенова е испратен во изолација, а во текот на утрешниот ден ќе бидат извршени и втори тестови кои доколку покажат исти резултати, тогаш тимот на Пандев нема да биде во можност да игра во наредниот период.

„По денешното тестирање, бројот на позитивни на Ковид-19 во нашиот тим скокна на 14 членови на играчкиот и тренерскиот тим. Активирани се сите процедури и информирани надлежните органи. Клубот навреме ќе ја информира јавноста за сите промени“, објави Џенова.

Засега не се објавуваат имињата на фудбалерите и членовите на стручниот штаб кои се позитивни, но доколку и Пандев е меѓу нив тоа ќе претставува огромен проблем за селекторот Игор Ангеловски бидејќи Македонија на 8. октомври ја очекува полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на Нации против Косово кој може да ни донесе и пласман на Европското првенство.

Покрај тимот на Пандев, во ризик за зараза се и фудбалерите на Наполи, а меѓу ние е и Елиф Елмас, бидјеќи двете екипи вчера играа меѓу себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот