Корона кај „граѓаните“, заразени Марез и Лапорт

фото:твитер

Ријаз Марез и Ејмерик Лапорт се позитивни на коронавирус, објави англискиот премиерлигаш.

Манчестер сити денеска потврди дека двајца нивни фудбалери се позитивни на ковид-19 и тоа Ријад Марез и Ејмерик Лапорт кои немаат симптоми и се чувствуваат добро. И двајцата фудбалери се испратени со самоизолација.
„ Со препораките на Владата на Велика Британија и на правилникот на Премиер лигата, двајцата играчи се пратени во самоизолација. Сите во клубот посакуваат брзо опоравување на Ријаз и Еимерик пред враќањето на тренизните и стартот на новата сезона“, соопшти Манчестер сити.

Сезоната во Премиер лигата ќе започне на 12. септември, но Манчестер сити својот прв натпревар ќе го игра на 21. септември кога му гостува на Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот