Корона инфекцијата во регионот не стивнува, сѐ повеќе луѓе се хоспитализирани, на респиратор и починати

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Епидемијата на коронавирус во земјите од регионот сè уште не стивнува, се повеќе луѓе се хоспитализирани, на респиратори и починати, а најмногу во Романија – 231, пренесува Танјуг.

Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 11 починати пациенти и 3.144 новозаболени пациенти, од 8.618 тестирани примероци со PCR метода. Учеството на позитивните во бројот на тестирани е 36,48 отсто. Во моментов има 43.457 активни случаи, околу 1.500 помалку од претходниот ден. Седумдневниот просек на заболените бил 2.928, а 14-дневниот просек на 100.000 жители 2.062.

Во Хрватска се регистрирани 6.136 новозаразени, со што бројот на активни инфекции се зголеми на 33.563. На лекување се 2.551 лице, а на респиратори 323 пациенти. Пријавени се 67 смртни случаи, вкупно 10.505 од избувнувањето на пандемијата. Беа тестирани над 15.000 примероци.

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 825 случаи на заразени со коронавирус, а пријавени се 48 смртни случаи.

Само во Федерацијата БиХ биле тестирани 2.981 примероци, од кои 499 биле позитивни на коронавирус. Починале 20 лица, вкупно 6.870 од почетокот на епидемијата.

Во Република Српска биле тестирани 713 примероци, од кои 300 биле позитивни на коронавирус. Пријавени се 28 смртни случаи, вкупно 5.103. Хоспитализирани се 588 пациенти, на респиратор 58 лица.

Денеска во округот Брчко во БиХ се регистрирани 26 нови случаи на зараза, од 137 тестирани примероци.

Во Црна Гора, според последниот пресек, седум лица починале од коронавирус, а на речиси 2.500 примероци се регистрирани 329 новопозитивни случаи на инфекција. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со вирусот е 2.268 пациенти од почетокот на пандемијата. Во моментов има 3.189 активни случаи.

Албанија објави 556 нови инфекции и четири смртни случаи. Активни се 7.847 инфекции. Тестирани се 3.960 примероци. 150 пациенти се хоспитализирани.

Во Унгарија во последните 24 часа се пријавени 176 смртни случаи, додека 12.637 се новозаразени. Бројот на активни инфекции во моментов е 155.003. Хоспитализирани се 6.840 пациенти, од кои 664 биле на респиратор. Вкупниот број на починати од пандемијата е 33.519.

Унгарија пријави 3.233 новозаразени лица и 151 смртен случај за еден ден, помалку од претходниот ден кога имаше 254 смртни случаи. Од починатите во последните 24 часа, 94 отсто не биле вакцинирани. Тестирани се 33.803 примероци.

Според последниот пресек на епидемиолошката состојба во Романија, регистрирани се 2.796 новозаразени и 231 смртен случај, од кои 36 се пријавени ретроактивно.

Во Република Северна Македонија направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи. Починаа 5 лица. Досега се направени вкупно 1.456.023 тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот