Корона идиоти – фудбалери на Севиља правеле забава во карантин, а фотографиите ги објави сопруга на еден од нив

Четворица фудбалери на Севиља, Лукас Окампос, Франко Васкез, Лук де Јонг и Евер Банега, се најновите коронаидиоти во Шпанија бидејќи ги прекршија правилата за карантин со организирање на забава.

Владата на Шпанија вчера даде зелено светло за продолжување на Ла Лига, но во државата која беше една од најпогодените во Европа од коронавирусот сè уште е забрането дружење на повеќе од 10 лица одеднаш.

Фудбалерите на Севиља не ги почитуваа овие правила и направија забава, а сетоа тоа беше снимано од сопругата на Банега која потоа снимките ги објави на социјалните мрежи. Откако увиде дека направи голема грешка, таа ги избриша сликите, но веќе беше предоцна и на играчите им се заканува голема казна.


„Сакам да се извинам, признавам дека погрешивме и со тоа нанесовме штета на имиџот на клубот и на фудбалот воопшто. Им се извинуваме на клубот, соиграчите, стручниот штаб, фудбалскиот свет. Сигурно е дека вакви работи повеќе нема да се повторат“, објави Окампос на социјалните мрежи.

Прочитајте и...  НБА играчите збеснаа во карантин: Се натпреваруваат кој побрзо ќе испие пиво

Прочитај повеќе

Жиру за три важни бода на Челси! (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонецот блеска за Џенова: Пандев во тимот на колото во Серија А! (ФОТО)

Слободен печат

Роналдо во обид да го надмине рекордот на Шевченко

Слободен печат

Барса го промовираше дресот за сезоната 2020/21! (ФОТО)

Слободен печат

Потврдена доживотната суспензија на Карим поради сексуална злоупотреба на фудбалерки!

Слободен печат

На денешен ден Ѓоковиќ по петти пат го освои „Вимблдон“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Сити ја слави одлуката на ЦАС со 170 милиони евра за летни трансфери!

Слободен печат

Сите во ФК Шкендија негативни на Ковид-19

Слободен печат

Иџе: За жал, нема да учествувам на трката во Италија!

Слободен печат

Клоп и Мурињо удрија по Сити: Срамота, ова е лош ден за фудбалот

Слободен печат

НБА играчите збеснаа во карантин: Се натпреваруваат кој побрзо ќе испие пиво

Слободен печат

Каква легенда: Клоп му одговори на „ѕверот“ од Викомб

Слободен печат