Корона хроника од Македонија и регионот: Грција е рекордер во смртни случаи, во Xрватска 95 проценти од новозаболените се со британскиот сој

Доктори во Грција/ Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во Македонија во последните 24 часа се направени 3.526 тестирања, а регистрирани се 564 нови случаи со ковид-19, починале 22 пациенти, а 1 357 лица оздравеле, соопшти Министерството за здравство.

Во Србија денес се регистрирани нови 2.068 позитивни случаи, во моментов 209 пациенти се на апарати за дишење, а во последните 24 часа починаа 32 лица поради последиците предизвикани од вирусот ковид-19.

Според податоците на лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, другите јавни и приватни лаборатории кои се занимаваат со дијагностицирање на коронавирусната инфекција вчера, петок, 23 април 2021 година, дијагностицирани се вкупно 151 новозаболени со коронавирус. Во Институтот се пријавени 6 смртни случаи поврзани со ковид-19, од кои најстариот имал 93 години.

Во Албанија дневниот биланс на новозаболени изнесува 139 случаи и 5 смртни случаи.

Во моментов 154 пациенти се лекуваат во болниците на КОВИД во Тирана и три регионални болници, 12 на интензивна терапија, од кои 3 пациенти се интубирани.

Во Косово во текот на последните 24 часа, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и приватните лаборатории беа тестирани вкупно 3.252 примероци земени од кои 335 се поозитивни. Пријавени се 7 смртни случаи.

Во Босна и Херцеговина се регистрирани 738 новоинфицирани од 2.761 тестирани, 39 пациенти починале.

За споредба, вчера беа регистрирани 362 заразени лица, а починаа исто така 39 пациенти. Дополнителен проблем претставува основано сомнение за вчерашниот број на заразени лица во БиХ (84) затоа што, како што неофицијално објавија локалните медиуми некои институции не внеле точен број во системот, поради што вкупниот број на заразени лица во БиХ вчера беше двојно понизок од денес.

Хрватска алармира дека британскиот вид коронавирус е потврден во 95 проценти од новите случаи.

Британскиот вид коронавирус е доминантен во Хрватска. Ова го рече Татјана Немет Блажиќ, епидемиолог на Хрватскиот институт за јавно здравје на телевизијата Н1.

– Во земјата, ние забележавме два мутирани соеви кои се од важност и се следат на глобално ниво и се од посебна загриженост бидејќи тие се шират побрзо и можат да предизвикаат посериозни клинички слики. Ова се британски соеви, а регистрирани се и помал број јужноафрикански соеви, околу 15 случаи кои главно се поврзани со патувања и нивни контакти. Британскиот вид доминира во тестираните примероци, учеството од околу 20 проценти во почетната фаза на тестирање е зголемено досега над 95 проценти – рече Немет Блажиќ.

Во последните 24 часа, евидентирани се 2535 нови случаи на вирусот ковид-19, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 16347. Меѓу нив, 2 214 пациенти се во болница, од кои 224 се на апарати за дишење. Починаа 31 лице.

Грција во моментов е рекордер во смртни случаи како последица на коронавирус. Грчките здравствени власти објавија 2.597 нови случаи на коронавирус за 24-часовниот период што завршува во 3 часот попладне. Сабота, како и 86 смртни случаи.

Грција ги отвора и трговските центри и моловите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот